Flatik.ru

Перейти на главную страницу

Поиск по ключевым словам:

страница 1страница 2 ... страница 5страница 6

РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА “ СЛИВ НА СТРУМИЦА” - ПЕРИОД 2011 – 2016 ГОДИНА


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО - СКОПЈЕ

РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА РИБОЛОВНА ВОДА

СЛИВ НА СТРУМИЦА”



ЗА ПЕРИОД 2011 – 2016 ГОДИНА

Скопје

Јануари 2010 година


ИЗГОТВУВАЧ
УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ - СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА СТОЧАРСТВО – СКОПЈЕ


Координатор и главен изготвувач:
Д-р Васил Костов – Институт за сточарство - Скопје

Изготвувачи:
Проф. д-р Никола Панов – Природно-математички факултет - Скопје
Проф д-р Раде Русевски – Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
Доцент д-р Милица Ристовска - Природно-математички факултет – Скопје
М-р Валентина Славевска-Стаменковиќ - Природно-математички факултет - Скoпje
М-р Катерина Ребок - Природно-математички факултет – Скопје
Димче Мајковски - Македонска Риболовна Федерација
Миодраг Пешиќ - Македонска Риболовна Федерација

Скопје,

Јануари 2010

  1. ПОДАТОЦИ ЗА РИБОЛОВНАТА ВОДА




    1. Детален попис на сите риболовни води со нивните имиња,

Риболовната основа се однесува за реката Струмица, Радовишка Река, Ораовичка Река (Стара Река), Моноспитовското Блато, Плавија, реката Турија, Водочница (Бела Река, Водоча), Тркајна, Циронска Река, Лебница (во Бугарија се спојуваат и ја формираат реката Липница, десна притока на реката Струма).


Во сливното подрачје на Река Струмица припаѓаат и акумулациите езеро Турија, езеро Водоча и хидротермалниот систем Струмичка бања.
Риболовната основа се однесува и за сите мали и микроакумулации на територијата на сливното подрачје на Црна Река кои се во сопственост на државата, а се користат од различни субјекти за различни намени.
Рибите од овие води се даваат на концесија за организирање рекреативен риболов како составен дел на риболовниот ревир (профил), доколку со други закони не е поинаку уредено или доколку вршењето рекреативен риболов претставува пречка во изведувањето на работите и активностите за кои се примарно наменети.
1.2. Приложена геогравска карта на која истите се обележани

2. ХИДРOГРАВСКИ И КЛИМАТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
2.1. Должина, ширина и површина за сите протечни води
Сливот на река Струмица го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија и се протега во правец северозапад-југоисток. Изворишната челенка ја сочинуваат повеќе водотеци што се формират и спуштаат од највисоките делови на планината Плачковица. Сепак како извориште се смета изворот на Радовишка Река кој е на надморска височина од 1.540 м. Во Радовишко Поле, Радовишка Река се спојува со Ораовичка Река, од каде до влезот во Струмичко Поле го носи името Стара Река. Поминувајќи ја кратката клисура, меѓу Радовишката и Струмичката Котлина, оваа река влегува во Струмичката Котлина во која го носи името Струмица. Текот на Струмица низ Струмичката Котлина, во која прима голем број на поројни водотеци кои депонираат огромен нанос во речното корито, порано бил доста отечнат и коритото било плитко, а изливањето на водата од него честа појава. Како последица на ова се формирале постојани мочуришта во близина на речниот тек меѓу кои најголемо било Моноспитовското Блато. Со извршените мелиорации по Втората светска војна, овој процес е запрен. Под Ново Село р. Струмица излегува од Струмичкото Поле и тече низ Кључката Клисура формирана помеѓу планините Огражден на север и Беласица на југ, каде што ја поминува границата со Р. Бугарија на кота од 186 м и се влива во Струма на територијата на соседна Р. Бугарија.
Во нашата земја Река Струмица има должина од 75,1 км и дренира сливна површина од 1.520 км2. Има вкупен пад 1.354 м, односно релативен пад од 18‰. Средниот проток на Струмица кај Ново Село изнесува 6,16 m3/s, средните минимални води 1,16 m3/s, а средните максимални води 14,50 m3/s. Најголемиот проток се јавува при крајот на зимата и во почетокот на пролетта, односно во месеците февруари, март и април. Така во февруари средните големи води изнесуваат 60,50 m3/s. Најмалите протоци се во месеците август и септември со минимум на средни води во август, кога овде протечуваат само 0,05 m3/s.
Во својот тек Река Струмица прима четири поголеми притоки, три од левата и една од десната страна. Леви притоки на Струмица се Ораовичка Река, реката Плавија и реката Турија, а десна притока е само реката Водочница.
Ораовичка Река - Извориштето í е во месноста Џамија на Плачковица на височина од 1.380 м, а утоката во Радовишка Река е на височина од 318 м. Долга е 18 км и зафаќа сливна површина од 51 км2 и има просечен пад од 59‰. Тече во правец од север кон југ и има нагласен пороен карактер.
Плавија - Извира од највисоките делови на Плачковица под врвот Асанли на надморска височина од 1.432 m, а во Струмица (Стара Река) се влива под с. Подареш на кота од 300 m. Долга е 26,7 km, зафаќа сливна површина од 140 km2 и има просечен релативен пад од 42,4‰. Во горниот тек го носи името Смиљанска Река, а нејзина главна притока е Сирава Река.
Турија - е најголемата притока на Струмица. Во горниот дел се формира од два крака- Широки Дол којшто извира на Плачковица на надморска височина од 1.065 м и тече кон југоисток и Безгаќева Река којашто извира на иста надморска височина на планината Огражден и тече кон северозапад. Тие се спојуваат меѓу Грамадиќ и Малинска Планина и оттука настанува реката Турија, која тече кон југ и во средниот тек е позната под името Нивичанска Река. На овој потег во 1972 година е изградена вештачката акумулација Турија со зафатнина од 48 милиони м3 вода. Во р. Струмица се влива кај с. Босилово на кота од 215 m. Долга е 44,7 km, зафаќа сливна површина од 263 km2 и има релативен пад од 19‰.
Водочница - е единствена поголема десна притока на р. Струмица. Извира од планината Смрдеш на надморска височина од 660 m, а во Струмица се влива источно од с. Зубово на кота од 205 м. Долга е 37,2 км, зафаќа сливна површина од 374 км2 и има релативен пад од 12,2‰. Во горниот тек се нарекува Бела Река, а низводно од с. Водоча се нарекува според името на ова село. Од почетокот тече во правец запад-исток, потоа помеѓу селата Попчево и Водоча тече кон север, за да после с. Водоча повторно тече кон исток. На реката Водочница кај с. Попчево во 1966 година е изградена вештачката акумулација- езерото Водоча со зафатнина од 26,7 милиони м3 вода. Реката Водочница има една поголема притока, тоа е реката Тркајна.
По одводнувањето на замочурените површини во Струмичко Поле, како посебен проблем во сливот на р. Струмица се јавуваат мошне развиените ерозивни процеси и облици. Бројните порои и поројни водотеци присутни овде, депонираат огромен нанос во рамничарскиот дел и нанесуваат значајни штети како на обработливите површини така и на другите објекти во рамничарскиот дел.
2.2. Длабочина и површина за сите стоечки води
Езеро Турија - Изградено е во 1972 година на Нивичанска Река 16 км североисточно од Струмица. Наменето е за наводнување на околу 10.000 ha обработливо земјиште во Струмичката Котлина, водоснабдување и производство на електрична енергија.
Езеро Водоча - Изградено е во 1966 година на реката Водоча, 7 km западно од Струмица. Наменето е за водоснабдување на населението од Струмица и наводнување на околу 4.200 ha обработливо земјиште во Струмичката Котлина.

Податоците за овие две вештачки езера се обработени во посебни риболовни основи.



Струмичка Бања.- Позната е уште под името Бања Банско, бидејќи се наоѓа на источната страна на с. Банско 12 км југоисточно од Струмица. Овде се јавуваат 13 термоминерални извори од кои најсилен е изворот Парило (40 l/s), а постои и една експлоатациона дупнатина со издашност од над 40 l/s. Геолошкиот состав на теренот е шкрилест старопалеозојски гранит покриен со дебели терциерни седименти. Хидротермалниот систем спаѓа во групата на пукнатински системи чии резервоар е изграден во гранити. Хранењето на резервоарот се одвива преку гранитите од кои е составена Беласица од едната и Огражден од другата страна на Струмичката Котлина.
Изворите и дупнатината даваат вкупна количина од над 80 l/s термоминерална вода која е со температура од главниот извор 72C и од дупнатината од 70C. Спаѓа во групата на натриумско-сулфатни води. Водата од изворот Парило се користи за здравствено-рекреативни цели, а од дупнатината за затоплување на оранжериите за раноградинарско производство.


Микроакумулации во сливот на Струмичка Река на кои може да се врши рекреативен риболов се:

  • акумилација Иловица, општина Босилово,

  • акумилација Дрвошка, општина Босилово,

  • акумилација Новоселска, општина Ново Село и

  • акумилација Маркова Брана, општина Струмица.


2.3. Основни климатски карактеристики на геогравското подрачје.
Сливот на реката Струмица е под влијание на субмедитеранска клима од Егејското Море со поголемо или помало вкрстување со континентална клима, со долги топли лета и високи среднодневни температури, намалено годишно количество на врнежи, засилена аридност, менлив плувиометриски режим и намалена зимска температура.
Просечна годишна температура на воздухот е 13,1оС, со највисоки просечни месечни температури во јули од 23.9оС и најниски просечни месечни температури во јануари од 1.7оС.
Просечно годишениот талог за ова подрачје изнесува 504 мм со максимум во есенските месеци и во пролет, додека долготрајните суши се ретка појава.
3. ОСНОВНИ ФИЗИЧКО - ХЕМИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Боја, мирис, температура, провидност, киселост, електрична спроводливост, содржина на хлор, заситеност со кислород, вкупен јаглен диоксид, нитрaти, амоњак, фосфати, силикати.

Според намената, согласно уредбата за класификација на површинските водотеци, квалитетот на водите во Република Македонија се изразува преку четири категории и тоа:


I класа- води што во природна состојба можат да се употребуваат за пиење со дезинфекција, за производство на прехранбени производи и за одгледување на благородни риби;

II класа- води што можат да се користат за капење и рекреација, за одгледување други видови риби и кои со механичко пречистување се користат за пиење и одржување на хигиената;

III класа- води што може да се користат за наводнување, а со соодветно пречистување да се користат и за снабдување на индустријата;

IV класа- води што мора да се пречистуваат за да може да се користат и тоа со ограничена намена.
Табела 1. Основни физичко хемиски карактеристики

Параметар

IV

V

VI

VII

VII

IX

X

XI

XII

I

II

III

вистинска боја

5

5

10

/

/

10

5

/

7,5

7,5

/

/

месечна темпе.

15,8

20,8

19,6

/

/

20

14

11

5,6

10,1

/

/

pH

7,68

7,75

7,69

/

/

/

7,63

7,8

7,74

7,92

/

/

алкалитет (mEq/L)

1,8

0,1

0,05

/

/

0

0

0

0

0

/

/

вк. тврдост (dH)

6,31

6,59

7,81

/

/

8,04

12,1

10,02

11,37

11,25

/

/

карб. тврдост (dH)

0,6

0,55

2,8

/

/

4,14

5,03

4,37

7,49

5,45

/

/

некарб. тврдост (dH)

5,8

6

4,98

/

/

3,9

7,1

5,7

3,88

5,8

/

/

раств. кис.O2 (mg/L)

8,62

7,59

7,17

/

/

8,3

7,98

11,74

9,78

9,43

/

/

БПК5 (mg/L O2)

9,26

14,3

2,25

/

/

3,03

11,5

8,93

7,8

8,66

/

/

амониум (mg/L)

0,473

0,346

0,661

/

/

2,216

2,262

1,111

1,607

1,189

/

/

нитрити (mg/L)

0,045

0,052

0,02

/

/

0,086

0,133

0,067

0,052

0,07

/

/

нитрати (mg/L)

1,381

1,49

2,428

/

/

1,823

2,8

2,786

2,748

3,56

/

/

бикарбонати (mg/L)

109,8

-256

146

/

/

-286

-414

-366

-366

-402

/

/

фосфати (mg/L)

0,211

0,313

0,359

/

/

0,312

0,502

0,826

0,537

0,841

/

/

сулфати (mg/L)

28,9

27,85

36,97

/

/

58,9

77,23

57,77

58,36

53,69

/

/

карбонати (mg/L)

0

129

/

/

/

141

180

180

180

198

/

/

хлориди - (mg/L)

13,5

10,5

12,7

/

/

15,7

18,7

19,3

19,8

19,88

/

/

Na Cations (mg/L)

14,12

14,2

22

/

/

25,08

22,46

27,33

24,68

25

/

/

K Cations (mg/L)

3

5,15

5,89

/

/

6,31

5,1

5,13

4,61

3,996

/

/

Ca Cations (mg/L)

31,43

27,14

42,39

/

/

41,66

58,38

53,32

62,49

56,98

/

/

Mg Cations (mg/L)

8,34

11,92

8,18

/

/

9,63

17,12

11,16

11,44

14,31

/

/

Fe (g/L)

63

6

36

/

/

78

35

152

257

78

/

/

следующая страница>


Слив на струмица

Риболовната основа се однесува за реката Струмица, Радовишка Река, Ораовичка Река (Стара Река), Моноспитовското Блато, Плавија, реката Турија, Водочница

757.14kb.

11 10 2014
6 стр.


Polugodi{en извештај за работењето на ад "Грозд" Струмица за деловната 2012 година за период од 01. 06. до 30. 06. 2012 година

Ад "Грозд" Струмица за деловната 2012 година за период од 01. 06. до 30. 06. 2012 година

28.22kb.

11 10 2014
1 стр.


Укажите номера слив, в которых буквосочетание «ti» произно­сится как русский звук [ци]

Задание Укажите номера слив, в которых буквосочетание «ti» произно­сится как русский звук [ци]

117.29kb.

14 10 2014
1 стр.


Управен одбор

Во текот на 2011 година, Акционерското друштво Конфекција и трикотажа Единство од Струмица работеше во согласност со утврдените стратешки и годишни цели на претпријатието, како и с

228.57kb.

11 10 2014
1 стр.


-

Дальше до л пр р. Турга 1,5км. Через 300м порог №2 (2-3кс, идется сходу) – шивера (валы), за левым поворотом слив до 1 м, далее выходная/фоновая шивера

148.25kb.

17 12 2014
1 стр.


Сорочинская ярмарка

Серые стога сена и золотые снопы хлеба станом располагаются в поле и кочуют по его неизмеримости. Нагнувшиеся от тяжести плодов широкие ветви черешен, слив, яблонь, груш

296.21kb.

15 12 2014
1 стр.


Закона за административните нарушения и наказания. Образувано е по жалба на "В. 13 Д. В. Д."

Струмица” №19, в град Б., стопанисван от “В. 13 Д. В. Д.”, представляван от Д. Д., е установено, че в обекта се съхраняват тютюневи изделия – цигари, без търговеца да притежава раз

44.31kb.

11 10 2014
1 стр.


Извештај на независниот ревизор До содружниците на Штедилница пеон доо струмица

Меѓународните стандарди за ревизија прифатени во Република Македонија. Тие стандарди бараат да ги почитуваме етичките барања и да ја планираме и извршиме ревизијата за да добиеме р

69.28kb.

02 10 2014
1 стр.