Flatik.ru

Перейти на главную страницу

Поиск по ключевым словам:

страница 1страница 2 ... страница 7страница 8



РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО - СКОПЈЕ

РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА

СЛИВ НА ВАРДАР - ГОРНО ТЕЧЕНИЕ”



ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016



Скопје

Јануари 2010

ИЗГОТВУВАЧ
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” - СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА СТОЧАРСТВО


  • СКОПЈЕ



Координатор:
Д-р Васил Костов – Институт за сточарство - Скопје

Изведувачи:
Проф. д-р Никола Панов – Природно-математички факултет - Скопје
Проф д-р Раде Русевски – Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
Доцент д-р Милица Ристовска - Природно-математички факултет – Скопје
М-р Валентина Славевска - Стаменковиќ-Природно-математички факултет Скопје
Димче Мајковски - Македонска Риболовна Федерација
Миодраг Пешиќ - Македонска Риболовна Федерација


Јануари 2010

1. ПОДАТОЦИ ЗА РИБОЛОВНАТА ВОДА

1.1. Детален попис на сите риболовни води со нивните имиња

Риболовната основа се однесува за горното течение на реката Вардар од изворот до излезот од Дервенска Клисура (дрвен мост на Вардар во близина на с.Радуша) и за притоките: Равенска Река, Лакавичка Река, Маздрача Боговинска Река со Боговинско Езеро, Улеверичка Река, Пена, Лешочка Река, Теаречка Бистрица, Босилечка, Габровчица, Љуботенска Река и Горанечка Река.




Во сливното подрачје на Река Вардар – горно течение се наоѓаат и 27 леднички езера, од кои 8 повремени и 19 се постојани и тоа: Боговинско Езеро, Црно Езеро, Голем Ѓол, Бело Езеро, Мал Ѓол, Кривошиско Езеро, Големо Деделбешко Езеро, Мало Деделбешко Езеро, Долно Доброшко Езеро, Горно Доброшко Езеро, Црн Ѓол, Горно Врачанско Езеро, Долно Врачанско Езеро, Мало Црно Езеро, Мало Боговинско Езеро, Бозовачко Езеро, Вакувско Езеро, Прошевско Езеро и Караниколско Езеро.

Риболовната основа се однесува и за сите мали и микроакумулации на територијата на сливното подрачје на реката Вардар – горно течение кои се во сопственост на државата, а се користат од различни субјекти за различни намени.



Рибите од овие води се даваат на концесија за организирање рекреативен риболов како составен дел на риболовниот ревир (профил), доколку со други закони не е поинаку уредено или доколку вршењето рекреативен риболов претставува пречка во изведувањето на работите и активностите за кои се примарно наменети.

2. ХИДРOГРАВСКИ И КЛИМАТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
2.1. Должина, ширина и површина за сите протечни води
Вардар е најголема и најзначајна река во Македонија. Извира од карстен извор кај с. Вруток во југозападнито дел на Полошката Котлина во подножјето на Шар Планина на надморска височина од 683 м. Нашата земја ја напушта кај Гевгелија на кота од 43 м пото тече низ Егејска Македонија (Грција) и се влева во Егејското Море. Вкупната должина на реката изнесува 388 км, од кои на нашата земја и припаѓа 301 км. Од изворот до вливот зафаќа сливна површина од 28.588 км2 од кои во Република Македонија се наоѓаат 20.535 км2, во соседна Грција 6.843 км2 и на север во Р. Србија 1.210 км2 (горните текови на Лепенец и Пчиња).
Основна одлика на неговата долина е нејзиниот композитен, односно полигенетски карактер, бидејќи, низ нашата земја, тече низ пет котлини и четири клисури. Тие наизменично се менуваат и тоа: Полошката Котлина (63,5 км), Дервенската Клисура (21,5 км), Скопската Котлина (51 км), Таорската Клисура (31 км), Велешката Котлина (7,5 км), Велешката Клисура (22,0 км), Тиквешката Котлина (55 км), Демиркаписката Клисура (19,5 км) и Валандовско-гевгелиската Котлина (30 км). Од вкупната должина на долината на Вардар две третини (207 км) е рамничарска, а една третина (94 км) е клисурска долина.
Вардар извира од постојан и јак крашки вруток во с. Вруток, чија издашност е околу 1,5 м3/с. Во овој најгорен тек Вардар, преку одводен канал од ХЕ “Равен”, се збогатува со 8 м3/с вода од Мавровската Акумулација, односно од сливот на Радика (вештачка пиратерија). Низводно се јавува посилно уривање на бреговите, поради што е извршена и регулација на коритото на овој потег.
На својот тек низ нашата земја, Вардар прима 37 притоки подолги од 10 км. Од нив 16 се слеваат од десната, а 21 од левата страна. Вкупниот пад на коритото од изворот до македонско- грчката граница изнесува 640 м, а просечниот пад 2,1‰. Меѓутоа поради композитниот карактер на долината, просечниот пад се разликува во котлините и клисурите. Така, во клисурските делници тој се движи од 4,2‰ во Дервенската Клисура до 1,4‰ во Демиркаписката Клисура, додека во котлините тој има вредност од 2,5‰ во Полог до 0,7‰ во Валандовско-гевгелиската Котлина.
Течејќи низ Полошката рамнина Вардар прима 12 поголеми притоки. Од нив освен реката Лакавица (20,5 км) и водите од неколкуте извори под Сува Гора, што се вливаат од десната страна, сите останати 11 свои притоки Вардар ги прима од левата страна што дотечуваат од кон Шара.
Леви притоки на Вардар се: Равенска (12,5 км), Маздрача (24,5 км), Боговинска (20,0 км), Улеверичка (13,0 км), Пена (37,0 км), Лешочка (15,0 км), Бистрица (19,0 км), Босилечка (10,0 км), Габровчица (12,0 км), Љуботенска (13,0 км) и Горанечка Река (14,5 км). Тие од Шар Планина довлекле огромен наносен материјал и го наталожиле во полето потиснувајќи го Вардар кон котлинската рамка, односно кон Сува Гора и Жеден и создале мошне асиметричен слив.
Равенска Река е прва поголема лева притока на Вардар. Извира во месноста Фудан во јужниот дел на Шар Планина на надморска висина од 2.000 м, а се влева во Вардар под с. Равен на надморска висина од 575 м. Вкупната должина и изнесува 12,5 км, а падот 1.425 м. Зафаќа слив со површина од 48 км2.
Лакавица или Локоица е единствена поголема десна притока на Вардар во Полошката Котлина. Извира на планината Буковик на 1.380 м надморска височина, а во Вардар се влива во близина на с. Балин Дол на 515 м надморска височина. Долга е 20,5 км со вкупен пад од 865 м. Од десната страна прима една поголема притока- Железна Река и има вкупен слив со површина од 220 км2.
Маздрача спаѓа меѓу поголемите леви притоки на Вардар во Полошката Котлина. Извира во месноста Венец во јужниот дел на Шар Планина на надморска височина до 2.250 м, а се влива во Вардар наспроти с. Волковија на 470 м надморска височина. Долга е 24,5 км и има пад од 1.780 м. Зафаќа сливна површина од 140 км2.
Боговинска Река извира од месноста Чубричево на Рудока на надморска височина од 2.340 м, а се влива во Вардар северно од с. Радиовце на 450 м надморска височина. Сливот зафаќа површина од 72 км2 со пад на коритото од 1.890 м. Во изворишниот дел протечува низ Боговинско Езеро.
Улеверичка Река е мала притока на Вардар која извира од источните падини на Турчин на надморска височина од 2.010 м и во Вардар се влива јужно од селото Брвеница на надморска височина од 432 м. Има голем пад од 1.578 м, но зафаќа мал слив од само 32 км2.
Пена е најголема лева притока на Вардар во Полог. Извира во месноста Дим- Бег во највисокиот дел на Шар Планина на надморска височина од 2.400 м, а утоката во Вардар и е кај с. Сарачино на 415 м надморска височина. Долга е 37 км, има вкупен пад од 1.985 м и голема сливна површина од 192 км2. Во изворишниот дел е позната под името Пенуша, потоа како Тетовска Пена но општото име и е Пена. Во шарпланинскиот дел долината е клисуреста со повеќе мали притоки.
Лешочка Река извира во месноста Врчик на Шар Планина на надморска височина од 2.280 м, а во Вардар се влива помеѓу селата Сиричино и Туденце на 395 м надморска височина. Долга е 15 км, има пад од 1.885 м и сливна површина од 30 км2.
Бистрица извира под Црни Врв на Шар Планина на надморска височина од 2.380 м и во Вардар се влива кај с. Јанчиште на 385 м надморска височина. Долга е 19,0

км, со пад од 1.995 м, има сливна површина од 48 км2.


Следните четири притоки на Вардар во Полог и тоа: Босилечка (10 км); Габровчица (12 км); Љуботенска Река (13 км) и Горанечка Река (14,5 км) се помали леви притоки на Вардар. Извираат од јужните падини на Љуботенскиот масив а во Вардар се вливаат помеѓу с. Јегуновце и с. Радуша.
Дервенска Клисура, од вливот на Беловишка Река до врелото Рашче, со ток долг 21,5 км и 4,4о/оо просечен пад од кои 6,5о/оо во горниот дел на клисурата и 2,3о/оо во долниот дел. Клисурата претставува лактесто свртување на Вардар за 180о околу варовничката безводна планина Жеден (1200 м) како јужен односно десен брег на клисурата и серпентиските ридови од север кои како леви брегови претставуваат продолжено подножје на крајниот североисточен дел на Шар Планина.
Северните падини на Жеден се обраснати со густ склоп од нискостеблена шума од асоцијацијата Carpinetum orientalis macedonicum Rudsk, Димовски (1968), а серпентинските ридови се голи, односно покриени со тревеста рас-тителност од степски тип. Всушност, типичен карактер на клисура текот на Вардар низ Дервенската Клисура има само во почетниот дел на должина од 1 км каде падините на страните од клисурата се издигнуваат директно од коритото на реката, кое е стеснето до 5-10 м, додека во останатиот дел од текот долинските страни се меѓусебно оддалечени 200 - 400 м и оформуваат тесни издолжени долинки со рамно тло. Долинките се култивирани и грижливо одржувани од месното население со одземање дел од коритото на Вардар по пат на насадување и грижливо одржување на џиновски стебла од родот Populus sp., кои со своите корени ја чуваат почвата од однесување и го стеснуваат коритото на Вардар на 10-15 м широчина. На места, при извонредно високи води, ерозивната моќ на Вардар е толкава, што излегува од тесното корито, ја плави околината, откорнува стебла, го напушта пробивајќи ново низ нивите и правејќи пустош наоколу за неколку следни децении. Дното е составено од крупни топчсти камења до 0,5 м во пречник, наместа од блокови со маса од неколку м3, одронети и дотркалани од карпестите падини на Жеден. Сето ова причинува Вардар во Дервенската Клисура да е со многу брз и див тек, плиток, со типичен карактер на планинска река, за разлика од погорниот дел од текот низ Полошката Котлина. Сето ова причинува во физиографско-биолошки поглед, коритото на Вардар да претставува микронаселба на стени и матичен супстрат.
На самиот излез од клисурата, Вардар го прима силното варовничко врело Рашче, со постојан дебит од 4 м3 вода, бистра и чиста, со потекло од порозниот алувиум на Полошката Котлина, но за жал, како тек уништен, бидејќи сиот е зафатен за водоводот на Скопје.
2.2. Длабочина и површина за сите стоечки води

На Шар-Планина има најголем број леднички езера, вкупно 39. Од нив 25 се постојани и 14 повремени. Таа, после планината Рила се смета за најбогата планина со леднички езера на Балканот. Од вкупно 39 езера на македонската страна се наоѓаат 27. Од нив 19 се постојани и 8 повремени. Се наоѓаат во појасот помеѓу 1.820 и 2.440 м и сите се со ледничко потекло. Се јавуваат по целата должина на планината, бидејќи во дилувиумот покрај највисоките делови и целокупното било на Шара од Љуботен до Враца било зафатено со глацијалниот феномен. На македонската страна на Шар-Планина се наоѓаат следните леднички езера: Боговинско Езеро, Црно Езеро, Голем Ѓол, Бело Езеро, Мал Ѓол, Кривошиско Езеро, Големо Деделбешко Езеро, Мало Деделбешко Езеро, Долно Доброшко Езеро, Горно Доброшко Езеро, Црн Ѓол, Горно Врачанско Езеро, Долно Врачанско Езеро, Мало Црно Езеро, Мало Боговинско Езеро, Бозовачко Езеро, Вакувско Езеро, Прошевско Езеро и Караниколско Езеро.


Боговинско Езеро.- Се наоѓа во валов помеѓу Брустовец и Мала Смрека, на надморска височина од 1.960 м. Долго е 452 м, широко 225 м и длабоко 2,20 м. Должината на бреговата линија му изнесува 1.200 м, а површината 66.880 м2. Лежи во карпест басен и заградено е со моренски бедем. Со вода се храни од Боговинска Река, од извори во прибрежниот појас и од врнежи. Водата ја губи преку Боговинска Река која од него истекува и со испарување. Тоа е валовско проточно езеро. Бојата на езерската вода е зеленкасто-жолта но таа брзо се заматува, особено при посилен ветер кога на езерото се креваат бранови и до еден метар кои ја подигаат тињата од дното на езерото. Водата не е употреблива за пиење поради нечистотијата која се внесува од бачилото кое се наоѓа во непосредна близина. За време на сончевите летни денови провидноста на езерската вода достигнува до дното. Водата тогаш се загрева до околу 15C. Зимно време езерото е под мраз.
Во минатото неговата површина била далеку поголема. Меѓутоа, Боговинска Река постепено го засипувала. Така, денеска дното на езерото кај нејзиниот влив во потполност е засипано и езерото постојано се смалува. Веќе од езерото е оттргната површина од околу 60.000 м2 и тоа претставува замочварено земјиште. Врз смалувањето на езерото влијаело и населението од с. Раковци. Тие го продлабочиле коритото на езерската отока за да добијат повеќе вода за наводнување и со тоа го снижиле нивото на езерото и овозможиле тоа побрзо да се празни. Денеска Боговинско Езеро главно се користи како поило за стоката од околните бачила, а претставува и привлечно излетничко место, посебно за населението од Тетово.
Црно Езеро. На второ место по големина меѓу шарланинските езера е Црно Езеро. Тоа зафаќа површина од 33.520 м2. Лежи во карпест базен на еден цирк, кој се наоѓа на јужната страна на Брустовец на надморска височина од 2.120 м. Најголемата должина му изнесува 248 м, ширината 185 м, а длабоко е колку и Боговинското Езеро 2,20 м. Бреговите се со должина од 825 м. На јужната страна заградено е со моренски бедем висок околу 6 м. Бреговите се ниски со исклучок на северниот брег каде се јавува стрмен отсек и едно мало полуострово во вид на клин долго 40 м. На западната страна сточарите подигнале бачило, кое со ѓубре го загадува езерото. Езерската вода е бистра со затвореносина боја. Вода добива од прибрежните извори и од врнежи, а ја губи со испарување и преку отоката Матени која се влива во Маздрача. Во минатото езерото било подлабоко но со продлабочување на отоката од страна на жителите во с. Калиште, со цел да зафатат повеќе вода за наводнување, нивото на Црно Езеро слично како и на Боговинско Езеро е снижено, а длабочината намалена.
Голем Ѓол . Меѓу “големите” езера на Шар-Планина се вбројува и Голем Ѓол. Ова езеро се наоѓа во еден од најпристапните и најпитомите циркови на Шар-Планина, на падините на Кара Никола, во изворишниот дел на Караниколска Река на надморска височина од 2.180 м. Има елипсеста форма со должина од 290 м и широчина од 115 м. Зафаќа површина од 26.240 м2 и има максимална длабочина од 5,60 м. Должината на бреговата линија му изнесува 675 м, со тоа што западниот брег е праволиниски додека источниот е нешто поразгранет. Бојата на езерската вода во плитките делови е светлозелена а во подлабоките затвореносина. Езерското дно се забележува до 3,60 м.
Табела 1. Основни податоци за поголемите леднички езера на Шар-Планина (Стојмилов, 1973)




Име на езерото

Надморска височина

Површина во м2

Должина во м

Широчина

во м

Должина на брегот во м

Длаб.

во м

1

Боговинско

1.960

66.880

452,5

255

1.200

2,20

2

Црно Езеро

2.122

33.520

248

185

825

2,20

3

Голем Ѓол

2.180

26.240

290

115

675

5,60

4

Бело Езеро

2.282

18.000

185

120

540

1,00

5

Мал Ѓол

2.300

8.240

115

102

330

0,80

6

Кривошиско

2.250

7.400

115

87

325

0,50

7

Големо Деделбешко

1.980

3.916

100

80

243

0,50

8

Долно Доброшко

2.400

3.760

55

77

225

0,60

9

Црн Ѓол

2.340

3.640

90

70

225

0,40

10

Мало Деделбешко

1.820

2.400

80

30

190

1,20

11

Горно Врачанско

2.182

1.256

40

40

126

2,10

12

Горно Доброшко

2.440

1.200

32

50

125

1,50

13

Долно Врачанско

2.170

625

25

25

75

0,50

14

Мало Црно Езеро

2.136

450

30

15

70

1,00

15

Мало Боговинско Езеро

1.980

150

21

7

53

1,70

Освен со најголемата длабочина меѓу шарпланинските езера Голем Ѓол располага и со најтопла вода. Во летните месеци температурата на површинскиот слој на езерската вода, во времето од 10 до 16 часот преку денот е повисока од 18C а често се загрева и до 23C. Со тоа е возможно и капење во ова езеро што на висожина од 2.190 метри претставува посебна атракција за посетителите. По хемискиот состав водата од Голем Ѓол е доста мека со pH од 6,5; хлориди 6 мг/л а нитрати 4 мг/л. Ваква вода ретко се сретнува, затоа месното население ја смета за лековита.


Голем Ѓол нема површинска притока. Со вода се храни од сублакустриски извори и од врнежи. За време на висок водостој езерото добива површинска отока чие корито е всечено во моренски материјал. При низок водостој водата ја губи преку понирање и испарување.
2.3. Основни климатски карактеристики на геогравското подрачје

Сливот на Вардар т. е. Македонија лежи на границата на две големи растително-географски области: Медитеранската и Евросибирската З и к о в и др. (1997), што предизвикува мешање на влијанијата на благата средоземноморска и острата континентална клима. Сепак, поради изразитата висинска разлика на тектонски мошне развиениот рељеф со различна експозиција и наклон, високите планини и длабоките депресии, во сливот на Вардар се сретнуваат големи разлики, од нивално-глацијални услови на високите планини, до полупустински предели на најниските делови на депресиите околу Вардар во средниот тек Д и м о в с к и (1968). На највисоките планини снежната покривка се задржува и до половина година, од крајот на Ноември до почетокот на Јуни, додека во најјужните предели кај Гевгелија, појава на слаби и краткотрајни снежни врнежи се случува еднаш на неколку години. Средоземноморската клима по долината на Вардар е присутна до Демир Капија, а на север нејзиното изменето влијание се чувствува до работ на Скопската Котлина и по долините на неговите притоки. Сето ова условува во сливот на Вардар да постојат четири климатски региони: регион со медитеранска клима, региони со измешана средоземноморска и континентална клима, региони со континентална клима и региони со планинска клима. Овие региони се измешани како шаховска табла, соодветно на положбата на антиклиналите и депресиите.


Како последица од специфичниот рељеф и близината односно оддалеченоста од морските брегови во сливот на Вардар има големи суми на варирања на најголемите и најмалите количества врнежи на точки кои се во непосредна близина. Најголемо количество врнежи добиваат пределите на Шар Планина високи околу 1700 м, до 1100 мм годишно во просечно влажна година, а околу 400 во Тиквешката и Овчеполската Котлина, З и к о в и др. (1997). Присутни се варирања на вкупната сума врнежи од година до година, во зависност од макроклиматските циклонски збиднувања во Атлантикот и Западното Средоземие.
Соодветно на рељефот, надморската височина и количеството воден талог, вегетацискиот покров во сливот на Вардар е мошне хетероген. Додека на највисоките планини се широко распространети високопланински пасишта со елементи на северноевропската фитогеографска провинција тундра, најголем дел од планинските падини од 1000-1900 метри се покриени со средноевропската заедница Fagetum montanum, E m, Ð e k o v, 1967. Најголем дел од водата на Вардар всушност потекнува од оваа вегетациска зона. Под неа, на надморска височина од 500-1000 м е зоната на топлољубивиот Querceto confertae R u d s k, Д и м о в с к и (1968), воглавно девастиран од постојано сечење уште од времето на Римското царство. Големи предели во депресиите: Пелагонија, Овче Поле, Тиквеш имаат карактер на степска и полупустинска вегетација со суптропско-полупустински услови од типот провинцијата на анадолиските полупустињи, Д и м о в с к и (1968), делумно претворени во лозарски или житородни културни површини. Котлините богати со подземни води: Полог, Скопска Котлина, Кочанската Котлина, Азот покрај Тополка и Бабуна, и на крајот Валандовско-Гевгелиската Котлина, во зависност од повеќе геолошко-тектонски и микроклиматски околности, имаат бујно развиена вегетација од низинските шуми Populus и Salix како природни заедници, меѓутоа рецентно претворени во обработени културни парцели со најразлични житни, индустриски, овошни, градинарски па и суптропски култури: житарици, сончоглед, јаболки, бостан, ориз, афион, памук, калинки.
Што се однесува до водниот режим на Вардар, поради отсуство на податоци, се изврши интерполација со податоци од странска литература за водотеци на иста географска широчина, сливно подрачје на соодветна надморска височина и ист или сличен геолошки состав, и идентични климатски прилики: реките Марица, Места и Струма кои извираат од планините Рила и Родопите во Бугарија, Г' л' б о в и др 1956, односно Морава во СР Југославија, чиј еден крак, Јужна Морава, својот извор го има на територијата на Република Македонија. Земајќи ги во предвид отстапувањата во зависност од оддалеченоста од изворот и притоките, најголем дел од водата 37-45% (1/3-1/2) протечува во пролетта, како последица на топењето на снегот насобран во текот на зимските месеци дополнет со пролетните дождови. Потоа 23-33% (1/4-1/3), од водата протечува во зимскиот период како последица на зимските дождови а 14-25% во летото и најмало количество, 10-15% во есенскиот период. Секако, дека сличен воден режим важи и за Вардар со тоа што несомнено свое влијание имаат и четирите големи притоки, две од кои левите, Пчиња и Брегалница најверојатно дека имаат поинаков, поекстремно изразен воден режим поради пониските планини од кои ја собираат водата и јужната експозиција а исклучиво непропусниот силикатен карактер на подлогата со оформен тенок ретенционен слој, од двете десни притоки Треска и Црна Река во чии сливови има и пространи варовнички терени со голем ретенционен капацитет и силни варовнички врела. Од сето ова следи дека Вардар припаѓа на типот реки со нивално плувијален карактер на водниот режим.
Една од карактеристиките на Вардар во рамничарските делници е тоа што за време на високите води, на пролет и на есен, коритото има мала пропусна моќ за нивни прием и брза евакуација надолу, па тие излегуваат од него и ги плават околните рамничарски терени на големи пространства. Причините за ова е големиот наклон на падините на високите планини во и на работ од сливот на Вардар од каде се хранат со вода Вардар во горниот тек и неговите големи притоки. Собирајќи се од големи површини и бргу, водата во клисурите со голем наклон бргу и се евакуира, но намалениот пад и ограничениот капацитет на коритото во низините при висок водостој потсетуваат на потеклото на текот на Вардар од комбиниран систем клисури и езера.

3. ОСНОВНИ ФИЗИЧКО - ХЕМИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Физички својства на водата

Од физичките својства на водата проследена е температурата на водата, забележливата миризба, забележливата боја и матноста, односно вистинската боја.


Температурата на водата, како еден од поважните еколошки параметри, мерена е при секое земање на проби за хемиска анализа на водата. Исто така, вклучени се и мерењата на температурата на водата кои што ги вршел Хидрометеоролошкиот Завод од Скопје во текот на десетгодишен период 1996 и 2006 година на своите мерни станици вдолж текот на реката Вардар. Исползувани се средните дневни температури, од кои се пресметани средните месечни температури.
Табела 2. Просечни месечни температури во десетгодишен период




Месеци

Просек

Профил

I

II

III

V

VII

VIII

X

XII




Вруток

9

-

9

7.2

-

10

9.2

-

8.94

Волковија

5

-

4.8

10

-

14

9.7

-

8.70

Сиричино

5.2

4.7

8.3

12

18

14.5

9.8

5

9.69

Радуша

4.5

5.4

8

16

18

20.5

10.2

6.8

11.17

Може да се забележи дека температурата на водата во изворишниот дел, профилот “Вруток” е релативно константна и има најмали месечни варирања. Просечните вредности приближно околу 9oC. Најниска температура е забележана во месец јануари на профилот Радуша (4,5 оC), а највисока температура е забележана во август исто така на профилот Радуша (20,5 оC). Од пресметаните коефициенти на варијација установивме дека на профилот “Радуша” има најголеми годишни варирања на температурата, а најмали годишни варирања на температурата има на профилот “Вруток” (0,8 %).


Забележлива миризба. Водата на Вардар во горниот тек нема забележлива миризба.
Забележлива боја и матност на водата. – Водата на р. Вардар во горниот дел на најголемиот број на профили и во текот на поголем дел од годината е слабо заматена до заматена. Оваа физичка карактеристика е многу променлива и многу зависи од временските прилики, а е директна последица од мошне интензивните ерозивни процеси на одредени подрачја од сливот на Вардар. По врнежи на дожд водата на Вардар е многу заматена. При стабилно и ведро време, во отсуство на врнежи во подолг временски период, обично во летните месеци кога нивото на водата значително се намалува, водите на Вардар се бистри.
Вистинска боја. Генерално гледано вредностите за вистинската боја се доста променливи и се во голема зависност од надворешните фактори, односно од временските прилики. Највисоки вредности за вистинската боја се забележани во пролетните и есенските месеци. Тоа се месеците кога и врнежите се најинтензивни.
Табела 3. Просечни месечни вредности за вистинска боја во десетгодишен период




Месеци

Просек

Профил

I

II

III

V

VII

VIII

X

XII




Вруток

2.5

-

2.5

5

-

2.5

5

-

3.50

Волковија

2.5

-

5

10

-

5

10

-

6.50

Сиричино

2.5

5

2.5

10

2.5

5

12.5

10

6.25

Радуша

5

10

5

10

5

2.5

12.5

5

6.88



Хемиски својства на водата
рН - реакција

Вредностите на рН на водата се прикажани на Табела 4. Се гледа дека вредностите на рН на водата немаат некое значајно варирање. Во најголем дел од токот и во текот на целата година тие се во рамките од 7,25 (на профилот Сиричино во месец август) до 8,6 (на профилот Радуша во истиот месец).


Табела 4. рН вредност на водата од реката Вардар во дестгодишен период




Месеци

Просек

Профил

I

II

III

V

VII

VIII

X

XII




Вруток

8.1

-

7.8

7.4

-

8.15

7.62

-

7.81

Волковија

7.9

-

7.75

7.8

-

8.05

7.61

-

7.82

Сиричино

8

7.75

7.8

7.6

8.45

8.25

7.64

7.9

7.79

Радуша

8.00

7.75

7.88

7.60

8.40

8.25

7.44

7.80

7.92


Алкалитет

Алкалитетот на водата е изразен во mg-ekv./L и е претставен на Табела 5. Може да се констатира дека алкалитетот на водата од реката Вардар се движи во границите од 1,16 на профилот “Волковија” во месец октомври до 3,65 на профилот “Сиричино” во месец март. Просечните вредности на алкалитетот по профили укажуваат на тоа дека алкалитетот во периодот на испитување се движи во одредени граници со статистички незначителни варијации и по однос на времето и по однос на профилите.


Табела 5. Алкалитет на водата од р. Вардар во 10 годишен период




Месеци

Просек

Профил

I

II

III

V

VII

VIII

X

XII




Вруток

2.35

-

2.45

2.45

-

2.55

2

-

2.36

Волковија

1.25

-

1.95

2

-

2

1.16

-

1.67

Сиричино

3.1

2.9

3.65

3.15

1.75

2.32

2.7

2.8

2.79

Радуша

2.6

2.5

3.6

2.8

1.95

3.35

2.00

2.23

2.63

следующая страница>


Слив на вардар горно течение

Вардар од изворот до излезот од Дервенска Клисура (дрвен мост на Вардар во близина на с. Радуша) и за притоките: Равенска Река, Лакавичка Река, Маздрача Боговинска Река со Боговинс

1038.57kb.

13 10 2014
8 стр.


Программа «Перспективная территориальная организация и развитие внутреннего и въездного туризма в муниципальном образовании «Город Горно-Алтайск»

На территории города в 2008-2010 гг реализуется муниципальная целевая программа Развитие малого и среднего предпринимательства в городе Горно-Алтайске на 2008-2010 годы

82.46kb.

12 10 2014
1 стр.


Укажите номера слив, в которых буквосочетание «ti» произно­сится как русский звук [ци]

Задание Укажите номера слив, в которых буквосочетание «ti» произно­сится как русский звук [ци]

117.29kb.

14 10 2014
1 стр.


Портрет предприятия: ОАО "Горно-металлургическая компания "Норильский никель" Общие сведения о компании

Полное наименование компании: ОАО "Горно-металлургическая компания "Норильский никель"

219kb.

10 09 2014
1 стр.


-

Дальше до л пр р. Турга 1,5км. Через 300м порог №2 (2-3кс, идется сходу) – шивера (валы), за левым поворотом слив до 1 м, далее выходная/фоновая шивера

148.25kb.

17 12 2014
1 стр.


Сорочинская ярмарка

Серые стога сена и золотые снопы хлеба станом располагаются в поле и кочуют по его неизмеримости. Нагнувшиеся от тяжести плодов широкие ветви черешен, слив, яблонь, груш

296.21kb.

15 12 2014
1 стр.


Горно-пешеходный
11.22kb.

16 12 2014
1 стр.


Оценка воздействия Горно-химического производства на древесную растительность и млекопитающих
181.51kb.

15 12 2014
1 стр.